Презентација на членовите


Членови на Асоцијата ПВ МАК

Членови на Асоцијацијата можат да бидат домашни и странски правни лица кои се вклучени во производство, проектирање и изведба на фотоволтаични централи на македонскиот пазар, односно кои во својата дејност вршат активности во производство, проектирање и изведба на фотоволтаични централи, други форми на производство на електрична енергија од обновливи извори и дејности поврзани со унапредување на енергетската ефикасност, одржливиот економски развој и заштитат на животната средина.

 

ПИКСЕЛ ГРОУП е основана во 2018 година во Скопје, Република Македонија и е високо технолошка компанија која се фокусира на развивање и производство на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули.

Од основањето во 2009 година, АРЕСЕ Солушнс нуди: Алтернативни Регенеративни Ефикасни Соларни Енергетски Решенија. Специјализирани сме за дизајн, имплементација и одржување на решенија засновани на користење на обновливите извори на енергија.

ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ ДООЕЛ е фирма регистрирана во декември 2013 година. Почетните активности беа во периодот во предноќието на новогодишните празници. Првите порачки беа за изведба на Новогодишно осветление во неколку хотелско ресторантски објекти. Поради сознанието дека во Македонија целокупното осветление е со застарена технологија одлучивме дека треба да се развиваме во тој правец.

Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија главно во изведба на решенија за фотонапонски соларни централи.
СИЕТО доо Скопје е основано 1992 година. Основната дејност на фирмата е производство на специјална индустриска електроника.

КМГ ЕОЛ КВАЗАР основана во 2007 година е водечка компанија во Р.С. македонија за планирање, проектирање и изработка на решенија за заштеда на елетрична енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електричната енергија, помагаат и во заштита на животната средина во борба со климатските промени. Во своето портфолио компанијата има проектирано повеќе од 20MW и инсталирано повеќе 6MW фотоволтаични централи.

ИНТЕБАКО ДОО Скопје – нашиот пристап е да инсталираме  ФВ системи по највисоки инженерски стандарди. Ние го револуционизираме начинот на кој енергијата се испорачува преку давање на нашите клиенти почиста и попристапна алтернатива. Тоа го нарекуваме подобар извор на енергија.

 

 

Друштво за инженеринг маркетинг и консалтинг ИНГМАРК Сашо и други ДОО Скопје.