Цели


Основни цели на Асоцијацијата ПВ МАК

  1. Развивање на соработката меѓу членките на Асоцијацијата, соработка со други професионални, општествени, образовни и стопански организации, здруженија и комори.
  2. Да ги поставува и унапредува стандардите на полето на производство, проектирање и изведба на фотоволтаични централи и други форми на обновливи извори на енергија
  3. Соработка со централната и локалната власт и нивните институции, вклучувајќи и дебати по предлог закони, подзаконски акти, правилници и уредби.
  4. Да служи како центар за информации за своите членки, централната власт и локалната власт, производителите, потрошувачите, медиумите и граѓанските и образовни институции за гореспоменатите теми и дејности.