Активности


Основни задачи и активности на Асоцијацијата

  1. Да ја подржува и координира активноста на членките во остварувањето на наведените цели и во реализацијата на заедничките интереси во сите активности каде колективното претставување е посоодветно.
  2. Да ги штити интересите на членките пред државните институции.
  3. Да ги координира интересите на членките, нивните добавувачи и клиенти во сите активности каде колективното претставување е полесно и посоодветно.
  4. Да подготвува, разработува и предлага програми и мерки за управување, унапредување и регулирање на производството, проектирањето и изведбата на фотоволтаични централи според најсовремените стандарди на Европската Унија.
  5. Да подготвува анализи, истражувања и прогнози за идентификување на квантитативното учество на електричната енергијата произведена од сончевата енергија во енергијата произведена од обновливи извори и вкупната енергија.
  6. Да дава информации и анализи за новите методи и технологии за производство, проектирање и изведба на фотоволтаични централи
  7. Активно да ја промовира позитивната улога на производството на електрична енергија од фотоволтаични централи, вклучувајќи ги и позитивните финансиски и социјални ефекти
  8. Да изработува и предлага економски, технички и еколошки поволни решенија врз основа на програмите за управување и унапредување на производството, проектирањето и изведбата на фотоволтаични централи
  9. Активно да учествува во дебати кои се однесуваат на производството, дистрибуцијата и потрошувачката на електрична енергија
  10. Да овозможи едуцирање и тренинг програми за унапредување на знаењата и вештините на поединци и компании во делот на производството, проектирањето и изведбата на фотоволтаични централи и други форми на обновливи извори на енергија.